На повеќе од еден милион луѓе им се заканува глад во Либерија, во Сиера Леоне и во Гвинеја, трите најпогодени држави во Западна Африка од епидемијата на ебола.
Организацијата на Обединети нации за храна и земјоделство (ФАО) и Светската програма за храна соопштија дека епидемијата од ебола негативно влијаело на реколтата во трите африкански земји.
– Од ебола во Либерија, во Сиера Леоне и во Гвинеја починаа 6.900 луѓе, а несигурноста со храната веќе е хронична, соопштија ФАО и Светската програма за храна.