На париските улици ќе се вози со 30 километри на час

Од:

Предлогот да се вози со 30кч/час во најголемиот број од улици во Париз се наоѓаше во програмата на новата градоначалничка Ан Идалго. Програмата за борба против загаденоста на возухот усвоена од Советот на Париз оди во насока на ограничување на брзината на 30км/час, јавува дописникот на МИА од Париз.

Мерката, всушност ја проширува постоечката одредба за ограничување на бризната на 30 км/час, која е во сила за една третина од париските улици. Но донесената програма засега не прецизира кога таа ќе биде спроведена, ниту планот на улиците кои ќе бидат опфатени со неа. Јасно е дека булеаврите и главните градски артерии ќе го избегнат ограничувањето на 30 км/час.

Според Ерпариз, мрежата која го следи кваилитетот на воздухот во парискиот регион, денес е тешко да се процени колку тоа ќе се одрази на квалитетот на возухот во Париз. Односно со намалувањето на дозволената брзина од 80 на 70км/час на обиколниот пат околу Париз на 10 јануари 2014, тоа не го ограничи загадувањето.

Извршната власт на Париз, преку помошникот градоначалник задолжен за транспортот Кристоф Најдовски (Зелени Европа Екологија), објаснува дека оваа програма опфаќа и други мерки. Како идејата за ограничување на движењето на автомобилите кои загадуваат многу, систематско воведување на алтернативно движење на автомобилите според парни или непарни броеви на регистарските таблички, бесплатен јавен превоз во случај на голема загедност на воздухот. Според Најдовски, целта е да дизелот исчезне од јавниот градски превоз и целокупната возна флота на Париз до 2015 година.

„Нови трамваи, ограничување на брзината на движењето, проект на автобуси со високо ниво на услуги (ТЗЕН), сите овие ангажирања, треба да му дозволат на Париз, целосно да се вклучи во планетарната борба против емисијата на гасови со ефект на стаклена гардија“ – се вели во соопштението до јавноста на Кристоф Најдовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм