На Нов Зеланд прва пресуда за робовладетелство

Од:

Судот на Нов Зеланд го осуди на 11 години затвор 66-годишен Џозеф Матамата од Самоа поради робовладетелство.

Тој изминатите 24 годиниа ги намамувал жителите на Самоа ветувајќи им добро платена работа, а потоа мигрантите работеле без надомест на неговата фарма и во неговито дом, а ако одбиеле биле претепувани.

– Случајот со трговецот на робови Џозеф Матамата ја откри тажната реалност дека трговијата со луѓе и ропството не се проблем некаде таму туку постојат и на Нов Зеланд, изјави адвокатот на жртвите.

Матамата треба да плати и 183.000 новозеландски долари (околу 122.000 американски долари) компанзација на 13 жртви, од кои најмладиот кога пристигнал на Нов Зеланд имал 12 години.

Тоа е прво дело за робовладетелство во историјата на Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска