На Њујоршката берза почна да се тргува со вода

Од:

На Волстрит од неделава се тргува со вода, а нејзината цена варира како цената на нафтата, златото или пченицата, соопшти најголемата светска берза за финансиски деривати „ЦМЕ груп“.

Според финансиските експерти, со доаѓањето на водата на берзите ќе се овозможи подобро управување на идните ризици поврзани со клучниот природен ресурс. Цената на водата во Калифорнија изминатата година е двојно зголемена.

„ЦМЕ груп“ ќе лансира договори поврзани за калифорнискиот пазар за вода, кој е вреден повеќе од 1,1 милијардa долари. Водата за испорака во Калифорнија вчера се тргуваше за 486,53 долари по хектар, што е еквивалент на 1.233 кубици.

Првиот договор за вода во САД е објавен во септември кога американскиот западен брег беше опустошен од високите температури на воздухот и пожарите.

Агенцијата Блумберг наведува дека договорите би требало да „служат за заштита на најголемите калифорниски потрошувачи на вода од зголемување на цената и како показател за инвеститорите ширум светот“.

Кина и САД се најголеми потрошувачи на вода во светот, Според Обединети нации две милијарди луѓе во светот имаат сериозни проблеми со пристапот до вода. ОН предупредуваат дека за неколку години две третини од Земјата би се соочиле со недостиг на вода, што би можело да предизвика големи миграции.

Недостигот на вода е поврзан со претераното искористување во индустријата, човековата потрошувачка, како и климатските промени.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Рекорди на Волстрит по победата на Трамп

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред