На Нетанјаху му истече рокот за формирање нова израелска влада

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа до синоќа на полноќ да состави владејачка коалиција во предвидениот рок од 28 дена, врз основа на мандатот кој му го довери шефот на државата Рувен Ривлин.

Сега е поголема можноста конзервативната партија „Ликуд“ на Нетанјаху да замине во опозиција, првпат по 12 години.

Локалните медиуми објавија дека претседателот Ривлин има на располагање три дена да одлучи како ќе постапи, а тој најави дека денеска ќе контактира 13 партии кои имаат свои пратеници во Кнесетот за разговори околу „продолжување на процесот за формирање влада“.

Ривлин би можел да му го додели мандатот или на лидерот на центристичката партија „Јеш Атид“ (Има иднина) Јаир Лапид, или на лидерот на партијата „Десно“ Нафтали Бенет, но постои можност и да му даде на Парламентот рок од три недели да избере некој друг кандидат.

Доколку сите овие опции бидат неуспешни, тогаш ќе се организираат нови петти по ред парламентарни избори за последните две и пол години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он