На Крим прогласено високо ниво на закана од тероризам

Од:

Во општините на Крим во близина на Кримскиот мост е прогласено високо ниво на опасност од терористички акции, соопшти лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

– Со цел да се обезбеди безбедност и антитерористичка заштита на Република Крим и нејзиниот народ, ќе биде во сила жолто (високо) ниво против терористички закани, рече Аксјонов.

Тој додаде дека агенциите за спроведување на законот, безбедносните агенции, извршните и самоуправните тела преземаат дополнителни мерки за обезбедување на безбедноста на поединците, општеството и државата.

Повисоко ниво на безбедност беше прогласено откако во саботата наутро цистерна експлодираше на мостот на Крим, а пожарот зафати и воз во близина.

Во експлозијата загинаа три лица, а мостот е оштетен.

Железничкиот и патниот сообраќај беше брзо обновен.

Официјална Москва го окарактеризира овој настан како терористички чин, а како одговорна ја посочи Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск