На Кипар потврдени вкупно 14 позитивни случаи на коронавирус

Од:

Министерството за здравство на Кипар, утрово соопшти дека се потврдени четири нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени, изнесува 14, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, тројца од потврдените случаи се вратиле од Грција, двајца од Италија, четворица од Велика Британија, еден од Германија, за две лица има потврда дека биле во контакт со заразени лица, а за двајца нема конкретни информации како се инфицирале со Ковид-19.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, преку неговиот „Твитер“ профил, утрово соопшти дека имал телефонски разговор со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи и станало збор за ситуацијата со коронавирусот на Кипар и се договориле дополнително да се зајакне меѓусебното информирање.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ