На кардиналите нема да им биде дозволено користење на Твитер за време на конклавата – состанокот во Сикстинската капела на кој ќе биде избран наследник на Бенедикт Шеснаесетти.
Познато е дека правилата за време на конклавата се многу строги и дека од тој момент кога кардиналите ќе влезат не смеат да имаат контакт со надворешниот свет.
Во овие правила сега се вклучени и социјалните мрежи, кои кардиналите нема да смеат да ги користат.
Од 117 кандидати само деветмина од нив се активини корисници на Твитер, како Италијанецот Ангел Скол и Американецот Тимоти Долан.
Папата Бенедикт Шеснаесетти го шокираше светот кога минатата седмица објави дека ја напушта функцијата на 28 февруари.
Датумот на конклавата се уште не е објавен, а се очекува дека новиот папа ќе биде избран до католичкиот Велигден на 31 март.