На југот од Франција ставен под контрола шумскиот пожар кој опустоши 165 хектари

Од:

Првиот голем шумски пожар во Франција ова лето, кој засега е од непознато потекло, мобилизираше голем број пожарникари цела ноќ и предизвика евакуација на околу сто жители, е ставен под контрола, но опасноста од повторно разбувнување се уште постои.

Пожарот опустоши околу 165 хектари борова шума во Чиберта, во центарот на Англе (Атлантски Пиринеи), принудувајќи ги пожарникарите да евакуираат многу домови.

-Пожарот е под контрола, има подобрување во однос на ноќта, но сè уште има две или три тешки точки, не се исклучува ризик од распалување, изјави градоначалникот Клод Олив.

Единаесет куќи биле зафатени со пожарот, од кои во пет повеќе не може да се живее, а 16 лица биле затруени од чадот, но без сериозни последици, додека стотина жители биле евакуирани.

Изутринава околу 130 пожарникари се уште работеа на гаснењето на пожарот, во заштитата и надзорот, додека синоќа беа 150. Два авиона-бомбардери со вода ротираа до ноќеска, при што извршија 18 бомбардирања со вода.

Шумата Чиберта, вистински остров на зеленило во густо населената агломерација на Бајон-Бијариц-Англе, е голема борова шума со високи дрвја до кои е многу тешко да се достигне.

Пожарот, како што рече Олив, особено го погоди еколошкиот парк Изадија и неговиот дом.

Во југозападна Франција во текот на вчерашниот ден имаше многу високи температури. Сен Жан-де-Луз, недалеку од Англе, на брегот на Баскија, го собори својот рекорд на висока температура со 41,9 степени Целзиусови. На север, во Жирондија, во понеделникот во шумски пожар изгореа повеќе од 295 хектари борови дрвја.

За денеска се предвидува температурата во Франција да достигне или надмине 40 степени.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано