На поранешната премиерка на Тајлан Јинглук Шинаватра, обвинета за негрижа во спроведувањето на политиката за субвенционирање на производството на ориз и се заканува забрана за занимавање со политика до пет години.
Шинаватра од страна на Уставниот суд беше суспендирана две недели пред воениот удар извршен во Тајланд во мај минатата година, а нејзиниот импичмент го води порота составена од членови на преодното уставотворно собрание, именувани од воената хунта.
Јинглук Шинаватра ги налути поротниците затоа што минатиот петок на второто сослушување наместо неа адвокатите на нејзиниот тим ги донесоа тогашните министри задолжени за спроведување на политиката за субвенции.
Министрите беа категорични дека премерката Шинаватра во никој случај не го прекршила законот со кој на производителите и извозници на ориз им биле исплатени над 20 милијарди долари. Нивната одбрана предизвика остри реакции од страна на тимот обвинители.
Следнава недела ќе се одржи уште едно сослушување на Шинаватра, а конечната одлука на поротата во процесот за импичмент ќе биде донесена на 23 јануари.