На источна Јава почна затворањето на јавните куќи

Од:

По наредба на гувернерот на Источна Јава, Сукарво, неделева во Сурабаја, втор по големина град во Индонезија, започна затварањето на повеќе јавни куќи во центарот на овој, втор по големина град во Индонезија. Акцијата на гувернерот има поддржувачи но и противници кои укажуваат дека проституцијата во Индонезија е легална и дека гувернерот нема правна основа да ги затвара борделите.

Гувернерот на Источна Јава ги обвини сопствениците на јавните куќи дека безмилосно ги експлоатираат проститутките и дека само тие профитираат од овој бизнис. Газдите, пак, велат дека тоа не е проблемот. Во прашање, според нив, се апетити на моќни бизнисмени кои во Сурабаја на нивните локации сакаат да градат големи трговски и бизнис центри.

Гувернерот Сукарво најави дека најмногу зе една година ќе ги затвори сите јавни куќи во провинцијата со која управува. Се побуни неговиот колега од Централна Јава, кој изјави дека евентуалното спроведување на таквата идеја ќе доведе до егзодус на проститутки во неговата провинција, која и онака  има превработеност во оваа категорија.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски