Противпожарна екипа на Хаваи спаси над 60 планинари, кои поради обилни дождови и надојдените потоци на островот Кауа, останале заробени.
Екипите на тој остров во среда биле информирани дека некои планинари повеќе денови се отсечени во долината и дека резервите со храна им се при крај.
Како што се наведува во соопштението со хеликоптер се извлечени вкупно 62 лица од кои едно лице се здобило со повреда, која што не е опасна по живот.
Од службата за природни ресурси наведуваат дека истиот ден поставиле знаци дека стазата е затворена и дека нивен работник ги предупредил планинарите за лошите временски услови, кои го игнорирале предупредувањето и го продолжиле патот.
Инаку повеќе од 120 планинари меѓу кои и неколку деца, во април беа спасени од истата долина поради надојдена вода.
Е. Г.