На Хаваи, повеќе од 300 се водат како исчезнати по пожарот

Од:

Официјални лица на Хаваи ги објавија имињата на 338 лица кои сè уште се водат како исчезнати повеќе од две недели откако најсмртоносниот шумски пожар во САД во последните сто години го опустоши туристичкиот град Лахаина. Списокот на ФБИ вклучува само луѓе со целосни имиња кои биле пријавени за исчезнати од некој чии контакт информации се потврдени од властите.

„Овие 338 имиња се само дел од поголема листа. Да не го изгубиме од вид фактот дека имаме уште неколку стотици имиња за кои ни се потребни дополнителни информации“, рече Стивен Мерил, агент на ФБИ во Хонолулу.

По објавувањето на списокот со имиња, ФБИ доби информација за стотина живи луѓе, а агентите се обидуваат да ја потврдат оваа информација.

Бројот на загинати во шумскиот пожар што избувна на 8 август е запрен на 115, но властите предупредуваат дека оваа бројка сигурно ќе се зголеми. Спасувачите се уште ги пребаруваат изгорените урнатини на Лахаина. Ова е најсмртоносниот пожар во САД од шумските пожари во Минесота и Висконсин во 1918 година, во кои загинаа повеќе од 450 луѓе.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац