На Французинка и забранија да ја напушти Грузија бидејќи поседувала таблетки парацетамол со кодеин

Од:

Французинка – турист со потекло од Стразбур, остана блокирана во Грузија каде била на одмор, откако на царината била контролирана и било откриено дека поседува таблетки Дафалган (парацетамол) со кодеин, јави француското радио Франс Инфо, кое го пренесува дописникот на МИА од Париз.

Престојот во Грузија бил предвиден само на неколк удена, но поседувањето на „забранетиот“ лек за главоболка кој и бил уредно препишан од нејзиниот лекар, ја принуди Французинката да остане повеќе од една недела со забрана да ја напушти земјата.

Арзу Биличи била на одмор во Турција, по што одлучила да ја посети соседна Грузија, но при контролата е откриен Дафалганот, по што царинските власти извршиле тест и по неколку часа ја донеле во полициската станица.

Казната за поседувањето на таблетките ја чини 2.500 евра, но за да таа биде извршена мора да биде изречена од суд. Но судот се уште нема расправано за случајот, а датумот не е утврден, притоа Французинката веќе една недела чека блокирана во Грузија. Таа притоа на Франс Инфо се пожали и на неактивноста на францускиот конзулат, кој оценил дека станува збор за „приватна, а не за политичка работа“, додавајќи дека „треба да биде задоволна што не е во затвор“.

Во меѓувреме таа живее во својот автомобил пред полициската станица во очекување на судењето. Дафалган е парацетамол збогатен со кодеин – опојно средство, тој редовно се прешишува во Франција од матичните лекари протв болки и се издава на рецепт во аптеките, но во Грузија очигледно не е ист третманот. Грузија веќе неколку години е ангажирана во борбата против дрогата, со нулта толеранција, па дури и за лекови кои во својот состав имаат опојно средство.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор