Држави учеснички на донаторска видео-конференција организирана од Канада и ОН, успеаја да соберат 1,5 милијарди долари за разни програми за хуманитарна помош за бегалците и мигрантите од Венецуела.
Вашингтон ќе обезбеди 407 милиони долари за земјите што прифатиле венецуелски мигранти, како и за Венецуелци кои останале во нивната татковина.
Дел од парите ќе бидат за обезбедување храна, вода за пиење, лекови и привремено сместување за мигрантите од Венецуела во други земји од Јужна Америка и Карибите.
Организаторите на конференцијата си поставија задача да соберат помош за 5,6 милиони Венецуели кои ја напуштија Венецуела по 2015 година поради режимот на претседателот Николас Мадуро и економската криза.