На претседателот на Венецуела, Уго Чавес му останале само неколку месеци живот, тврдат лекари.
Лекарот Хосе Рафаел Маркина, кој работи во САД и е запознат со здравствената состојба на претседателот Чавес, изјави за радиото RCN дека на Чавес му останале „меѓу два и три месеци живот“.
– Болеста мина во агресивна фаза. Има метастази во лумбалниот дел кој притиска нерви околу рбетот што може да предизвика парализа, изјави Маркуина кој тврди дека има пристап до информации и доверливи податоци за здравјето на Чавес.
Во саботата Чавес преку националната телевизија објави дека повторно ќе оди на Куба каде ќе биде опериран од рак и го именуваше потпретседателот и шеф на дипломатијата Николас Мадура за можен наследник.
Чавес (58) ја предводи Венецуела веќе 13 години и досега имаше три операции од рак и четири циклуси хемотерапија на Куба и Венецуела за една година.