На Антартикот некогаш се наоѓале прашуми

Од:

Научниците со бушење на морското дно во близина на Антартикот дошле до заклучок дека на тој континент некогаш се наоѓале прашуми. При испитувањето на примероците од морското дно пронајден е фосилизиран полен, за кој научниците тврдат дека тука можел да дојде само од некоја блиска прашума.

Кевин Велш, австралиски палеоклиматолог, изјави дека со анализа на седиментите утврдено е дека температурата на Антарктикот пред 52 милиони години, поточно во периодот на Еоцен, во текот на зимата изнесувалa околу десет степени, а во текот на летото до 25 степени Целзиусови.

Постоеле шуми, немало мраз и температурите биле многу повисоки отколку што се сега. Тоа е изненадувачки, бидејќи сликата која ние ја имаме за Антартикот е сосема поинаква, вели Велш.

Според неговите зборови такви услови на Антарктикот имало благодарејќи на високото ниво на јаглед диоксид во воздухот.

Велш предупредува дека Антарктикот наскоро би можел повторно да остане без мраз.

Тешко е да се каже кога тоа ќе се случи бидејќи зависи од луѓето, владите и нивните чекори кои ќе ги преземаат. Тоа навистина зависи од тоа колку во иднината ќе има емисија на гасови, вели научникот.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ