На аеродромот во Далас задржан поранешниот премиер на Норвешка како потенцијален терорист

Од:

Поранешниот премиер на Норвешка, Шел Магне Боневик вчера бил задржан на меѓународниот аеродром Дaлас во Вашингтон поради тоа што во 2014 година бил во посета на Иран.

Боневик, кој беше премиер од 1997 до 2000 и од 2001 до 2005 година пристигнал во САД од Европа, но тоа не го спречило аеродромското обезбедување да го задржат поранешниот премиер цел час.

– Целосно ја разбирам опасноста дека во САД можат да влезат терористи, но доволно беше да го видат мојот дипломатски пасош, за да ме пуштат. Таму пишува дека сум бил премиер, истална Боневик.

Тој бил одведен во простории за лицата кои пристигнуваат од Африка и од Блиски Исток, каде бил задржан 40 минути, а уште 20 минути бил испрашуван за неговата посета на Иран пред три години.

Боневик посочи дека неговото задржување не е резултат на указите за ограничување на миграцијата потпишани од американскиот претседател Доналд Трамп туку на указот на поранешниот претседател Барак Обама за распоредување на антитерористички единици по нападите во Париз.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес