На аеродром во Берлин затруени дваесетина лица од средство за чистење

Од:

Околу дваесетина лица, вработени на аеродромот „Тегел“ во Берлин, се затруле од средство за чистење, а двајца од нив биле задржани на лекување во една болница, дознава весникот „Билд“.

Според весникот, вработените прво се пожалиле на мачнина и повраќање, а како дошло до труењето засега не е познато. Исто така, не се знае ниту како отровната пареа стигнала до терминалот Ц.

Ова не е првпат на аеродромот „Тегел“ вработените да се жалат на слични проблеми. Во октомври минатата година, поради преголемо дозирање на едно средство за чистење, дури 53 лица биле затруени, меѓу кои имало и патници.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија