Малечката Лиу е родена со многу тешко генетско пореметување поради кое повеќе од половина од телото и е прекриено со густи влакна, кои изгледаат идентично како крзното кај некои животни. Последните неколку дена светот се заинтересира за малечкото девојче од Кина, обидувајќи се да му се овозможи помош. Девојчето кое шест години било оставена во тешка здравствена, но пред се психичка состојба, сега е хоспитализирано.
Мајката на Лиу Џијанг Ли, не можела да се носи со болеста на својата ќерка и го напуштила своето семејство кога девојчето имало само две години. Нејизниот татко ја превземал грижата, но набрзо и тој ја однел Лиу во градинка и еден ден не се вратил по неа. Сиропиталиштето тогаш издало јавен оглас за посвојување на девојчето, бидејќи според нив тоа предизвикувало страшен страв кај другите деца.
Лиу тогаш ја посвоил близок роднина, кој добро се грижел за неа, но немал средства за да ја однесе да се лекува. На девојчето сега му е одбрено лечење, и очите на светот се впрени кон неа надевајќи се дека ќе може да живее нормален живот и дека постои решение за нејзината тешка болест.