Новиот музеј во Њујорк на посетителите им ветува фасцинантно и помалку морничаво патување низ мрачната страна на животот.
Музејот на морбидна анатамија ќе биде отворен денеска во Бруклин.
Креативната директорка Џоана Ебенстин изјави дека мисијата на музејот е сериозна и оти експонатите се од нејзината колекција на повеќе од 2.000 книги за ритуалите на смртта, за човековото тело и за езотеријата.
Трикатниот музеј е сместен во некогашен ноќен клуб.
Главна атракција на првата тематска изложба „Уметност на жалоста“ е брош направен од човечки заби како и кутија од 19 век со Богородица опкружена со венец од прамени коса на починати лица.