Музеите и културните места во одредени делови на Италија од вчера се повторно отворени за посетители, вклучително и зачуваната античка Помпеја.
Повторното отворање е дозволено само во „жолтите зони“, најмалку ризичните области во однос на коронавирусот, од трите зони воведена од владата, пренесува Индекс.
Премиерот Џузепе Конте потпиша указ за олеснување на мерките што се во сила кога станува збор за музеите.
Оние во „жолтите зони“ сега можат да работат од понеделник до петок.