Муслиманските бунтовници на Филипините ги ослободија заложниците

Од:

Муслиманските бунтовници во јужниот дел на Филипините утрово ги ослободија заложниците, кои ги држеа од вчера по нападот на градот Мидсајап во провинцијата Северно Котабато, соопштија воени извори.

Во борбите кои започнаа вчера откако бунтовниците го нападнаа градот, се убиени четворица војници, четворица бунтовници и двајца цивили.

– Еден ден откако околу 150 бунтовници го нападнаа градот, напаѓачите побегнаа, а училиштата повторно ќе бидат отворени, истакна градоначалникот на Мидсајап.

Според воени извори, бунтовниците прво планирале да преземат дел од главен пат, но по пристигнувањето на безбедносните сили тие се упатиле кон Мидсајап.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод