Муслиманите и Евреите против германската одлука за обрежување

Од:

Европските муслиманските и еврејски групи застанаа заедно во одбрана на религиозното обрежување на момчињата кои припаѓаат на нивните заедници, откако Судот претходно го прогласи овој чин за телесна повреда, а би можело да стане и меѓународен преседан доколку биде забрането со закон.

Во заедничата изјава на еврејската и муслиманска заедница, потпишана од лидерите на двете групи се вели дека обрежувањето е основа на нивната вера и бараат правна заштита на ваквите практики. Тие ги повикуваа сите политички партии итно да интервенираат, да се поништи одлуката на судот.

Потписниците на изјавите се сретнаа и со претставниците на Европскиот парламент и го изразија својот гнев, инсистираќи на тоа дека германскиот парламент треба законски да ја заштити нивната традиција.

Одлуката на судот во Келн, претходно ја критикуваше израелскиот парламент и таа не се однесува на цела Германија, туку само на покраината Северна Рајна Вестфалија, каде што посотеше конкретен случај на сунет извршен од доктор врз 4 – годишно момче, кој подоцна заврши во болница.

Хирургот беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди.

Германски суд одлучи дека обрежувањето од религиозни причини е телесна повреда, која може да биде казнлива со закон затоа што телесниот интегритет на детето има приоритет во однос на правата на родителите.

Иако илјадници еврејски и муслимански момчиња се обрежуваат секоја година во Германија, сепак Германската медицинска асоцијација ги советуваше лекарите да престанат да обрежуваат поради случајот.

Би-Би-Си објави дека германската влада е ставена во многу непријатна ситуација поради оваа одлука затоа што не и личи на земја во која е измислен Холокаустот да ги забрани основните ритуали на јудизмот.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот