Муслиманите и Коптите апелираат христијаните да останат на Блискиот Исток

Од:

Муслиманските и коптските свештеници апелираа до христијаните и покрај насилството од џихадистите да останат на Блискиот Исток.

Апелот е упатен по завршувањето на меѓународната конференција против тероризмот и екстремизмот што се одржа во Каиро.

Во завршното соопштение се осудува како злосторство насилното иселување на христијаните и другите верски групи.

На конференцијата беше заклучено дека Исламска држава врши варварски злосторства во обид да извезе лажен ислам.

На кон ференцијата учествуваа претставници од дваесетина држави, меѓу кои Саудиска Арабија, Иран, Индонезија и Малезија.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети