Исламските и еврејските заедници во светот се загрижени поради свинскиот желатин, што е една од состојките во вакцините. Со тоа се доведува во прашање вакцинацијата на населението против Ковид-19 во многу земји.
Поголемиот број вакцини содржат свински желатин што служи како стабилизатор при транспортот и складирањето.
За да им излезе во пресрет на муслиманите и eвреите, швајцарската компанија Новартис минатата година произведе вакцина против менингитис без свински желатин, а саудиските и малезиските компании во моментот работат на слични вакцини.
Но, поради тесните рокови за испорака и долгите рути што треба да ги поминат вакцините за да стигнат во сите земји, Фајзер, Модерна и другите компаниите кои работат на развој на вакцина против Ковид-19 не можат да гарантираат дека дел од вакцините кои ќе стигнат во некои држави со муслиманско или еврејско население, нема да содржат свински желатин.