Почнувам да мисам дека британското напуштање на Европската унија воопшто и нема да се случи, изјави малтешкиот премиер Џозеф Мускат во интревју за холандскиот весник „Волкскрант“.
– Првпат почнав да мислам дека Брегзитот нема ни да се случи, изјави Мускат, нагласувајќи дека на таквата идеја го навеле показателите за промена на расположението во британската јавност.
Според Мускат, меѓу британските гласачи кои на ланскиот референдум гласаа за излез на Велика Британија од ЕУ, сега почнуваат да се јавуваат сомнежи во исправноста на ваквата одлука.
Мускат, чија земја до 30 јуни беше претседавач со ЕУ, во интервјуто изразува надеж дека британските политичари сепак ќе предложат референдум околку конечниот договор за истапување на Велика Британија од Унијата.
– Би било добро ако некој политички лидер во Велика Британија најде храброст да се соочи со новата ситуација и да каже: Конечниот договор за Брегзит ќе го ставиме пред судот на народот, порача Мускат во интервјуто објавено во денешното издание на „Волкскрант“.