Мун: Последната ракетна проба на Северна Кореја е сериозна закана за светскиот мир

Од:

Најновата ракетна проба на Северна Кореја е сериозна закана за светскиот мир и ја потенцира потреба од интензивирање на санкциите врз Пјонгјанг, изјави претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин.

Тој потенцираше дека Јужна Кореја нема да седи и да чека на провокациите на Северна Кореја и дека ќе работи со САД на зајакнување на сопствената безбедност.

Јужна Кореја изведе и воена вежба само неколку минути откако е забележано лансирањето од Северна Кореја, а Мун посочи дека биле подготвени.

Вчера јужнокорејските медиуми објавија дека се забележани радиосигнали и активиран радар во ракетна база во Северна Кореја и најавија дека ќе има нова ракетна проба.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ