Мун: Ким сака целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира да ги стави надвор од употреба сите нуклеарни оружја, материјали и постројки, со цел да се постигне „целосна“ денуклеаризација, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.

– Мун исто така додаде дека Пјонгјанг и Вашингтон имаат работни консултации за да се договорат за вториот самит на севернокорејскиот лидер Ким и американскиот претседател Доналд Трамп, откако ќе завршат изборите во САД, објави канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.

По третиот состанок со Ким во Пјонгјанг во септември, Мун изјави дека Северна Кореја е подготвена да покани меѓународни експерти да го надгледуваат затворањето на полигонот за ракетни тестирања и дека ќе го затвори главниот нуклеарен комплекс, ако Вашингтон преземе реципрочни акции.

Мун во интервју за Би-Би-Си оцени дека тие акции би можеле да вклучат отворање американска канцеларија за врски во Северна Кореја, доставување на хуманитарна помош и размена на економски експерти.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ