Мун: Ким е искрен во врска со нуклеарното оружје, треба да биде награден

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е искрен и навистина сака да се откаже од нуклеарното оружје, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, нагласувајќи дека меѓународната заедница треба да го награди поради тоа.

– Оваа година со часови разговарав со Ким. Тие средби ме уверија дека тој донел стратешка одлука да се откаже од нуклеарното оружје, истакна Мун.

Пјонгјанг оваа година ги прекина нуклеарните и ракетните тестирања, но не го исполни ветувањето да дозволи меѓународна инспекција во демонтираниот полигон во мај.

Меѓутоа, Мун тврди дека Ким е „искрен, смирен и учтив“, но и се „чувствува фрустрирано поради недовербата на меѓународната заедница“.

– Сега е време да се одговори на тие напори… Мора да го увериме Ким Џонг-ун дека донел вистинска одлука за денуклеаризација и да го следиме во неговата желба за конечен мир, додаде јужнокорејскиот лидер.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ