Мун Џе-ин подготвен да се сретне со Ким Џонг-ун

Од:

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џе-ин е подготвен за средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доколку постојат услови за тоа. Тој истакна дека би се согласил на состанок со Ким доколку има перспектива за видливи резултати од разговорите.

Целтана на Мун е избегнување на нова војна и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Оваа најава на Мун следува по одржата средба меѓу официјални претставници на двете Кореи и постигнувањето согласност за три клучни чекори кон помирување. Мун наведе дека ќе инсистира на нови билатерални разговори, но потенцираше дека Сеул ќе продолжи да соработува со меѓународната заедница во напорите за денуклеаризација на Северна Кореја.

– Дијалогот со Северна Кореја започна, но поради фактот што севернокорејското прашање се уште не е решено, Јужна Кореја ќе продолжи со поддршка на притисокот и санкциите на меѓународната заедница. Не планираме ниту еднострано ублажување на нашите санкции кон Северна Кореја, кои се во сила паралелно со меѓународните санкции, додаде Мун.

Вчера на состанокот на претставници на двете Кореи беше договорено севернокорејските спортисти да учестуваат на Зимските олимписки игри што следниот месец ќе се одржат во Јунжа Кореја, за ублажување на воените тензии, како и за воспоставување на конструктивен дијалог.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ