Мун Џае-ин: Севернокорејската криза да се реши на разумен начин

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска апелираше за решавање на севернокорејската криза на разумен начин, со цел да се сочува мирот.

Мун во својот говор пред Генералното собрание на Обединети нации посочи дека санкциите треба да го доведат Пјонгјанг на преговарачка маса и да го натераат да се откаже од нуклеарното оружје.

– Сите држави мора стриктно да се придржуваат до санкциите на ОН кон Северна Кореја и да усвојат поригорозни мерки поради последните провокации од Пјонгјанг, наведе Мун.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат дополнителни санкции кон Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ