Мула Омар ги поздрави мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците

Од:

Талибанскиот лидер Мула Омар го поздрави денеска почетокот на преговорите меѓу авганистанските власти и талибанците како „легитимен исламски принцип“ со цел прекин на вооружениот бунт во Авганистан.

– Доколку ја согледаме суштината на нашите врски канони, може да се види дека состаноци и мировни акции со непријателите не се забранети. Паралелно со оружениот џихад политичките напори и ммировните акции за постигнување на свети цели се легитимен исламски принцип, наведува тој во соопштение објавено на сајт на талибанците.

Тоа е негов прв коментар за еднодневните мировни преговори меѓу авганистански официјални лица и претставници од талибанците близу Исламабад со присуство на претставници од Кина и САД, одржани на 7 јули. Учесниците разменија ставови за начините да се постигне мир и помирување во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан