Муижниекс: Азербејџан треба да го намали притисокот врз новинарите и интернетот

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа,  Нилс Муижниекс денеска го повика Азербејџан да престане да ја крши слободата на говорот, особено во работата на новинарите и корисниците на социјалните мрежи.


– Прогонот на новинари и други лица кои изразуваат критички ставови во Азербејџан, е причина за силната загриженост за состојбата со човековите права, изјави Муижниекс при објавувањето на извештајот за оваа кавкаска држава.


Муижниекс, кој кон крајот на мај беше во посета на Азербејџан, побара властите во Баку да ги ослободат сите лица приведени заради изразување на мислење и да направат измени во законодавството и судската пракса, кои ќе ги гарантираат слободата на говорот и на собирања.


Комесарот побара да се обезбеди гаранција за независност и непристрасност на судовите, кои, според него, се доста строги кон обвинетите новинари.


Тој повика на целосно ослободување од кривична одговорност на обвинетите за клевета и ги осуди неодамна направените законски измени кои, како што рече, „имаат за цел да го олеснат казнувањето за ставови изнесени преку Интернет“.


– Бранот од апсења, прогони и електронско следење ги стави под лупа  корисниците на социјалните мрежи. Оваа пракса треба под итно да прекине и интернетот треба да остане простор за слободно изразување на мислење, изјави Муижниекс.


Азербејџан кон крајот на 2012 година ги засили санкциите против учесниците во непријавените протести, што доведе до серија апсења и распити. Активистите за човекови права постојано го обвинуваат режимот на претседателот Илхам Алиев за прогон на новинари и затворање на опозиционери.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска