Мухамед Али доби улица во Њујорк

Од:

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио објави дека дел од „33-та улица“ на Менхетен, што се наоѓа недалеку од спортскиот комплекс „Медисон Сквер Гарден“, е преименуван во „Мухамед Али“, во чест на славниот боксер, кој почина во петокот на 74-годишна возраст.

Ваквата одлука, која засега е привремена, Бласио ја образложи со фактот дека Али осум пати се борел во рингот на „Медисон Сквер Гарден“, но и со желба да му се оддаде признание на неговиот активизам. 

Во „најславата сала во светот“ на 8 март 1971 година се оддржа „борбата на векот“ меѓу Џо Фрејзер и Мохамед Али, кој го доживеа својот прв пораз во професионалната кариера по 31 победа во низа.

Ова преименување на улицата е привремено, а за да биде конечно, мора да го потврди и Градското собрание.

– Разбирливо е дека Њујорк како главен град на светот, мора да му оддаде почит на Мухамед Али, кој беше вистински светски шампион, рече Бласио. 

Мухамед Али ќе биде погребен в петокот во неговиот роден град Луисвил во американската сојузна држава Кентаки.

Би можело да ве интересира

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

(ВИДЕО) Маскиран млад човек пукаше кон таксист во Њујорк по расправија за плаќање на превозот

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ