Однесувањето на мравките се менува пред да се случи земјотрес со магнитуда поголема од два степени според Рихтер, а тие се враќаат на своите навики еден ден по земјотресот, покажа новото германско истражување.
Научниците дошле до тој заклучок следејќи го однесувањето на 15.000 колонии црвени мравки кои се наоѓаат на сеизмичките активни подрачја.
Според истражувачите, црвените мравки имаат хемиски рецептори за јаглен-диоксид и магнетни рецептори за електромагнетно поле, така што регистрираат промени во емитувањето на гас или магнетно поле на земјата.