Британската Влада ја разгледува можноста да дозволи руски дипломатски претсатвници да ја посетата Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот двоен шпион, кои заедно беа изложени на нервен гас во Солзбери.
– Го разгледуваме барањето за конзуларен пристап во согласност со нашите обврски кон меѓунароното и домашното право, вклучувајќи ги правата и желбите на Јулија Скрипал, соопшти Форин офисот.
Руската амбасада во Лондон поднесе барање да ја посети Јулија Скрипал во болница во Солзбери, откако беше објавено дека нејзината здраствена состојба е подобрена.
Амбасадата инсистира да и се овозможи конзуларен пристап до Јулија Скрипал, како државјанка на Русија.