Можна нова средба меѓу Путин и Порошенко

Од:

Претседателите на Русија и на Украина, Владмир Путин и Петро Порошенко денеска ја разгледуваа можноста за нова билатерална средба или заедно со претставниците на Германија и на Франција, изјави денеска советникот за надворешна политика во Кремљ, Јуриј Ушаков.

– Во телефонскиот разговор нашиот претседател и господин Порошенко разговараа за евентуална билатерална средба или за меѓународен формат, но се уште нема конкретни податоци, посочи Ушаков.

Тој додаде дека под меѓународен формат се подразбира присуство на германскиот канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт истакна дека Берлин не е известен за средба на Меркел со претседателите на Русија, на Украина и на Франција.

– Не е исклучено тоа да се случи повторно, ако може да помогне во подобрување на ситуацијата во Украина и да придонесе за стабилизација, истакна Зајберт.

Путин и Порошенко досега двапати се сретнаа откако во април почна бунтот на проруските сепаратисти во Источна Украина.

Порошенко вчера изјави дека ќе се сретне со Путин во следните три недели на некоја од европските конференции.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци