Можен конфликт на границата со ЕУ-Русија испрати бомбардери во Белорусија

Од:

Тензиите на границата помеѓу Полска и Белорусија продолжија и денеска додека неколкуте илјади мигранти се обидуваат да влезат на територијата на ЕУ.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки бегалската криза на границата со Белорусија ја опиша како нов вид на војување и дел од „координираниот напад“ обвинувајќи ја Белорусија дека намерно ги пушта мигрантите. Според него, во целата криза е вмешана и Русија и нејзина идеја е испраќањето на мигрантите кон полската граница.

Од друга страна, официјален Минск ги отфрли обвинувањата дека белоруски војници ја преминувале границата со Полска, а Русија испрати два стратешки бомбардери во воздушниот простор на Белорусија.

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од рускиот претседател Владимир Путин да интервенира на белоруско-полската граница, а НАТО истакна дека Алијансата ќе ја подржи Полска на нејзините граници.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел ги повикал лидерите на Европската унија да воспостават директни контакти со Белорусија поради решавање на мигрантската криза .

Официјалните претставници на белоруската гранична контрола предупредија дека постапките на Варшава можат да доведат до оружени судири помеѓу Полска и Белорусија.

-Тоа што белоруските безбедносни сили користат оружје против бегалците е снимено во неколку наврати. И покрај тоа, реакциите од ЕУ изостанаа, што укажува на тоа дека постои договор да се користат сите средства за да заврши оваа мигрантска криза на границата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо