Може ли Романија да стане нова Полска со помош на Германија?

Од:

Германија и германските инвеститори имаа специјална врска со Полска, на основа на историјата и взаемната доверба, а резултатот од тоа е што Полска минува, онака како што забележа Светската банка, низ најдобрите години од економска гледна точка во последните илјада години.

Редица економисти сметаат дека поранешната комунистичка држава во 2030 година ќе влезе во групата на 20-те најголеми економии во светот, а минатата година беше на 24-то место во светот според податоците на Меѓународнот монетарен фонд.

Германски компании инвестирале во Полска четири пати повеќе отколку во Романија, а според истите компании, Полска е најпривлечното место за инвестиции во источна и централна Европа. Трговските односи меѓу Германија и Полска исто се четири пати поголеми од германско-романските.

Можеби неслучајно е што новиот полски премиер Ева Копач, само три дена откако на 6 номеври ја направи првата официјална посета во странство на Брисел, отиде во Берлин каде со германскиот канцелар Ангела Меркел разговарале за хармонизирње на политиките на двете држави.

Истражувањето на германските трговски комори во 16 држави во централна и источна Европа покажало дека во 2013 година, Полска ја задржала позицијата на најдоброто место за инвестиции во регионот. По Полска се редат Чешка, Естонија, Словачка, Словенија, Летонија и Литванија. Романија е дури на 11-то место.

Полска е привлечна не само за фирми и компании, туку и за обичните Германци. Илјадници германски граѓани, од кои повеќето се од поранешната Источна Германија, сметаат дека Полска е атрактивно место за работење и живеење.

Германските фирми и компании создале 300 илјади работни места во Полска, и инвестирале повеќе од 27,5 милијарди евра. Најголемо присуство тука имаат мали и средни компании.

Освен тоа, Германија за Полска е најголемиот инвеститор. Директните германски инвестиции за минатата година во Романија изнесувале 6.7 милијарди евра.

Германските компании во Романија отвориле околу 200 илјади работни места. Германја е на трето место како извор за инвестици во Романија, по Австрија и Холандија.

Полската економија по падот на комунизмот забележува најбрзо темпо на раст во Европа, потхранет од огромни инвестииции во претпријатија и во инфраструктурата. Стандардот на животот се удвоил помеѓу 1989 и 2012 година.

За да се објасни бумот на полската економија и „побратимувањето“ со Германија, неопходно е едно патување низ историјата. По раширувањето на советската империја над Полска, Сталин се фокусираше на иселување на германците и милиони германци беа иселени од новите полски територии. Тие си заминале од анектираниот исток кон запад. Така Сталин постигнал без да сака полско општество во орбитата на Германија. А Германија, откако потпиша договор за мир со Полска во 1990 година, се обидуваше уште повеќе да се доближи до таа земја. Тогаш Варшава докажа дека е партнер кој заслужува доверба.

Голем дел од германското производство за извоз има свои клонови во Полска, каде доаѓа до инфраструктура, благопријатна бизнис клима, ефтина и квалиификувана работна сила и географска близина, Во замена за тоа, Полска добива инвестиции и пазар за производите кои ги произведува.

Германија за својот успех во автомобилската индустрија во голем дел е должна на својата источна сосетка. Во фабриката во Познањ, Фолксваген има 6.900 вработени, кои произведуваат и резервни делови и готови автомобили. Групацијата Ман има четири илјади вработени во Полскаа, каде произведува тешки товарни камиони, автобуси и шасии во три посебни фабрики. Како резултат на тоа, главниот извоз на Полска се автомобили и автомобилски делови. Голем дел од нив се производи од германски марки.

Според анализата на Морган Стенли, до 40 проценти од полскиот извоз во Германија доаѓа за да биде продаден како германски извоз.

Таа внатрешна зависност објаснува зошто Германија е далеку најголемиот трговски партнер на Полска.Трговските односи помеѓу двете држави биле во висина од 78,4 милијарди евра за минатата година. Оние помеѓу Германија и Романија изнесуваат 18,7 милијарди евра. 

Зиарул финанчиар – Букурешт

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Претседателски избори во Романија

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски