Може ли Оланд да ја води државата, прашува опозицискиот лидер во Франција

Од:

Француската Влада „нема методи ниту одредена цел“ и “денес прашањето е дали Оланд навистина може да управува со Франција“, вели лидерот на главната опозициска партија во државата Жан Франсоа Копе во интервјуза неделникот Валор актуел, што ќе се објави в четврток.

Според него, кабинетот „тоне во противречности“.

– Французите имаат сомнение за постоење на два квалитета – компетентност и авторитет, вели претседателот на Сојуз за народно движење.

Копе тврди дека владиниот тим „личи повеќе на пијан брод, а не на влада способна да ја има судбината на петтата сила во светот“.

Во коментар за француско-германските врски и критиките на француски претставници социјалисти против политиката на Меркел, Копе вели: Неверојатно е дека Оланд ги остава своите пријатели социјалисти да се впуштат во таа неразумна офанзива против Германија.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина