Компанијата за мобилни телефони, која неодамна е во сопственост на „Гугл“ објави отпуштања на дел од своите вработени поради реорганизација на фирмата.
Околу 20% од вработените ќе бидат отпуштени, а една третина од 94 канцеларии ширум светот ќе бидат затворени, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Ова е прв чекор во обидот на „Гугл“ да ја направи „Моторола“ поконкурентна на пазарот каде владеат „Ејпл“ и „Самсонг“.