Мотивот за четирикратното убиство и понатаму мистерија

Од:

Француската полиција и понатаму го утврдува мотивот за убиството на тројцата Британци, кои пред два дена беа пронајдени во автомобил во близина на езерото Анси, на француските Алпи.

Обвинителот Ерик Мејо рече дека мотивот за убиството и понатаму е мистерија.

Теориите за мотивите вклучуваат и вооружен грабеж кој тргнал лошо, судир околу дрога, но не е исклучена ни теоријата дека станува збор за фамилијарна трагедија.

50-годишниот Саад ел Хили, неговата сопруга и уште една постара жена се најдени мртви во автомобилот. 7-годишната ќерка со тешки повреди се наоѓа во болница, а 4-годишната ќерка, која осум саати се криела во автомобилот е неповредена.

Не далеку од автомобилот пронајдено е и безживотното тело на велосипедист, локален жител.

„На три од четири жртви им е пукано во глава“, изјави Мејо и додаде дека убиецот користел автоматски пиштол.

Францускиот претседател Франсоа Оланд истакна дека власта ќе направи се во нивната моќ да го пронајде убиецот.

Би можело да ве интересира

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Јагленосани тело на полицаец пронајдено покрај изгорено возило

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција