Москва загрижена заради креирањето јавно мислење во насока на употреба на сила во Сирија

Од:

Москва е загрижена заради знаци кои укажуваат на подготовка на светското јавно мислење за евентуална воена операција во Сирија, изјави Александар Лукашевич, портпарол на руското МНР.

– Во изминатите неколку дена брзо се заостри ситуацијата во Сирија и околу неа. Арапски и меѓународни медиуми коментираа најмногуза употребата на хемиско оружје во конфликтот меѓу владините сили и бунтовниците од опозицијата, изјави тој.

– Сериозна загриженост будат признаците дека се подготвува светското јавно мислење за воена акција за внатрешниот конфликт во Сирија, истакна Лукашевич. Во тој контекст, Москва укажува на „истрагата од Дел Понте и ОН со која се наведува на можна употреба на хемиско оружје од страна на опозицијата, а не од владините сили“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски