Москва загрижена поради ширењето на влијанието на ИД

Од:

Москва е загрижена поради ширењето на влијанието на терористичката организација Исламска држава, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не е тајна дека руската страна изразува загрижена загриженост на највисоко ниво во врска со тоа како т.н. ИД дополнително го шири своето влијание и како територијата што ја контролира Сирија и Ирак постојано се зголемува, изјави Песков на прес конференција.

Портпаролот на Кремљ потсети дека тоа прашање повеќепати било покренувано од рускиот претседател Владимир Путин во разговори со свои колеги од европски држави и САД.

Според Песков, постојат планови на Русија да се повикаат сите да соработуваат, но тој не даде детали за тие планови нагласувајќи само дека „работите  се во тек“.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран