Москва: Украина го нападна Кримскиот мост, но нема штета

Од:

Moсква соопшти дека Украина го нападнала Кримскиот мост, предизвикувајќи експлозија, но без штета.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) во вторник соопшти дека експлозивна направа погодила патен и железнички мост што ги поврзува Русија и анектираниот Кримски полуостров под нивото на водата.

„Имаше експлозија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ништо не е оштетено. Мостот е функционален. Киевскиот режим продолжува со своите обиди да ја нападне цивилната инфраструктура. Русија презема мерки на претпазливост, рече Песков.

СБУ сподели снимки од експлозија во близина на еден од многуте потпорни столбови на мостот, а шефот на безбедносната служба, Василиј Малјук, рече дека мостот е легитимна цел бидејќи Русија го користи како логистичка артерија за снабдување на своите трупи.

Кримскиот мост, долг 19 километри, преку Керченскиот теснец е единствената директна врска помеѓу транспортната мрежа на Русија и Крим.

Би можело да ве интересира

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Дронови ја погодија Одеса: Повредени лица и оштетени десетици објекти