Москва тврди дека Украина распоредила 15.000 војници на границата со Русија

Од:

Украинските Вооружени сили распоредија 15 илјади војници во пограничните региони со Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов

Како што јави ИТАС-ТАСС, Антонов, исто така, нагласи дека паралелно со тоа се врши „зголемување на бројот на НАТО војници во Источна Европа“.

Според него, во услови на актуелната криза во Украина, ваквите активности не помагаат за намалување на тензиите.

– Го повикуваме официјалните претставници на НАТО и Пентагон да се откажат од цинично заблудување на светската јавност во врска со фактичката состојба на нештата во руско-украинската граница, изјави заменикот министер.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски