Москва смета дека изборите во Украина не биле целосно слободни и демократски

Од:

Изборите во Украина не беа во вистинска смисла слободно и демократски, изјави пред Советот за безбедност на ОН рускиот претставник во ОН Виталиј Чуркин.

Чуркин предложи генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун „неодложно“ да се вклучи во напорите за прекин на насилството во Источна Украина.

Рускиот дипломат му препорача на Секретаријатот на ОН да преземе мерки во одговор на користењето, според Москва, на борбени хеликоптери со назнаки на ОН против сепаратистите во Украина.

СБ на ОН треба да го повика Киев да ја прекине операцијата во Источна Украина, повика Чуркин.

Русија е подготвена да помогне на Киев за започнување на дијалог со југоисточните области, веднаш штом ќе заврши операцијата таму, истакна рускиот претставник во ОН.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски