Москва шокирана од изјавата на украинскиот министер за одбрана

Од:

Руското Министерство за надворешни работи соопшти синоќа дека е шокирано од изјавата на украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј, кој предупреди дека со Русија на повидок е „голема војна“, во која би можеле да настрадаат десетици илјади лица.

Наведувајќи дека Гелетеј на својот Фејсбук профил напишал дека „операцијата за ослободување на источна Украина од терористите е завршена“ и оти на повидок е „голема патриотска војна“, во која би можеле да настрадаат десетици илјади лица, руското Министерство нагласи дека со таквите изјави украинскиот министер „го вовлекува украинскиот народ во продолжение на граѓанската војна“.

Украинската криза почна кон средината на април и досега во источниот дел на земјата, каде живее претежно руско население, загинале, според податоците на ОН, повеќе од 2.500, а повредени се шест илјади лица.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци