Москва: САД нема да бара смртна казна за Сноуден

Од:

Американското Министерство за правда тврди дека е подготвено да му гарантира на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кој се уште се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“, дека нема да се соочи со смртна казна доколку се врати во САД, изјави денеска извор во руското Министерство за правда.

Руското Министерство соопшти дека примило писмо од американскиот државен обвинител Ерик Холдер, во кое, меѓу другото, е изразена подготвеност на американската страна да и даде гаранција на руската Влада дека нема да бара смртна казна за Сноуден доколку тој се врати во САД.

Во документот немало никакво барање за екстрадиција или депортирање на Сноуден, тврди руското Министерство за правда.

Сноуден се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром од 23 јуни, кога допатува од Хонг Конг, каде откри дека неговиот поранешен работодавач – американската Агенција за национална безбедност спроведува програма за електронско шпионирање.

Тој на 16. јули поднесе барање за привремен азил во Русија.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска